Од денеска, секој ден во 18 часот, протести „Доста е“ пред Владата

од desk3
92 прегледи

Почнувјќи од денеска, секој ден, во 18 часот, пред Владата ќе се одржува протест под мотото „Доста е“.

12063754_1251507241541777_8127365529768273688_n

Граѓаните ги повикуваат надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците.

„Доста беа сериски убиства по болниците и на улиците! Имаме право на живот, имате одговорност за оставка. Еден живот завршен на пешачки премин на зелено, друг од страна на пијан лекар, десетици други од дозволени и неказнети грешки. Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност?“, прашуваат организаторите на настанот, креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Организатор на настанот е левичарското здружение „Солидарност“.

 

META