Од денеска Украина без руско гориво и јаглен

од desk2
193 прегледи

Денеска на сила стапува забраната за извоз на јаглен и нафтени деривати од Русија за Украина.

Како што е наведено во указот од Владата на Руската Федерација, бензин, дизел гориво, пропан, бутан и слични природни течни гасови можат да се испорачаат во Украина само со одобрување од руското Министерство за економски развој.

Вчера надлежниот ресор и испратил на Владата список со компании на кои може да им се издадат такви одобренија за испорака . Самите одобренија и обемот на испорака ќе се разгледуваат секој месец.

Покрај горивата ,ограничена е и испораката за Украина од Русија на јаглен, кокс, брикети, пелети и други горива.

Според зборовите на новиот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Данилук, забраната за испорака на нафта и бутан од Русија ќе предизвика големи проблеми во Украина.