Од денеска заинтересираните граѓани за вкацинација ќе можат само со документ за лична идентификација да примат прва доза во пунктовите во здравствените домови и болниците низ државата. Процесот за ревакцинација ќе се спроведува во спортските сали наредните 3 недели.
Во Скопје без закажан термин ќе се боцка во Поликлиниките Букурешт, Јане Сандански и Чаир од 7.30 до 19.30 часот, а почнува со работа и нов вакцинален пункт во Шуто Оризари кој ќе биде отворен само прва смена. Граѓаните немаат право на избор, и ќе бидат боцкани со вакцина која ја има во моментот во установата. Во опција се Синовак, Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 годишна возраст. Со колку вакцини во моментот располага државата од здравство не добивме конкретен одговор.
Денеска стартува и доброволната имунизацијата на деца над 12 години со Фајзер како и теренската имунизација.
Теренската вакцинација
Теренската вакцинација започнува денеска во овие населени места во секоја од следните општини:
Делчево – Дулица
Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште
Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино
Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ
Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ
Свети Николе – Лозово
Кратово – Сакулица (Татомир, Вакав) Шопско Рударе, Коњух
Виница – Грлани, Калиманци
Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште
Струга – Радожда, Калишта
Ростуше – Врбјане
Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш
Струмица – Водоча, Вељуса,
Босилово – Секирник, Петралинци
Неготино –Криволак
Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица
Пробиштип – Турско Рудари
Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен
Кочани – Облешево
Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци
Кавадарци – Бегниште, Ресава
Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан
Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа
Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино
Македонски Брод – Самоков
Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец
Крива Паланка – Дурачка Река, Станци
Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце
Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане.
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.
Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19, велат од МЗ.
Досега во државата комплетно вакцинирани против Ковид се околу 250.000 граѓани.