Од денеска затворена за сообраќај делницата Велес-Градско

од Nikola Popovski
196 прегледи

Авто-Мото Сојузот на Македонија информира дека поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 г. во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Додаваат дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.7. до 20.7.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 10:00 – 16:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини