Од дома за уши ќе ги вадиме, рече Мицкоски за инволвираните во трагедијата и најави затворање на сите дискотеки

од Nikola Popovski
451 прегледи

Во 2024 се издадени вкупно само 12 лиценци за кабареа и од тие не знаеме кои се уште валидни. Не очекува многу работа и очигледно дека некој не си ја вршел работата и се обидува под политизација да се скрие криминалот. Кој сака нека биде и од која сака партија, тоа што се случувало е повеќе од криминал. Ова е масовно убиство кој што некој го дозволувал за пари, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што лежат дел од повредените од пожарот во кочанската дискотека.

Според премиерот, „Пулс“ само двапати извадил лиценца во 2021 и 2023 година. Мицкоски вели дека „прашањето е тие што му потпишале во 2021 и 2023 врз основа на кои документи го сториле тоа“.

-Нема да има милост. Од дома ќе ги вадиме. Ако мислат дека ќе се обидат да играат на политиканство и етничка карта со тие полноќни прес-конференции. Од дома за уши ќе ги вадиме, рече Мицкоски мислејќи на синоќешната изјава на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми пред полициската станица во Карпош.

Претседателот на Владата беше дециден дека сите дискотеки ќе треба да се затворат и ќе се затворат. Тој потоа најави дека ќе функционираат само објектите кои што имаат важечки и законски лиценци. Обвини дека „не можат да се справат со толку мафијашки кланови за осум месеци“ и дека „еден по еден ќе ги истребат“.

Слични содржини