360
Повторна кандидатура на тројцата членови на ДИК од редовите на СДСМ, а меѓу нив, поддршка од владејачката партија ќе побара и Оливер Ристовски, инаку екс заменик-министер за правда.
Повеќе од половина членови на досегашниот состав, поконкретно петтмина од нив, повторно се кандидираа.
Изборот на нови членови на ДИК треба да го потврди Собранието со двотретинско мнозинство.
Се очекува прва задача на новите членови на ДИК да бидат редовните локални избори наесен.