
Според досегашните преброени гласови во скопската општина Кисела Вода, Филип Темелковски од редовите на СДСМ води со 2.100 гласови повеќе од неговиот противкандидат Јохан Тарчуловски од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, информираа од СДСМ за „Фокус“.
Според нашите неофицијални информации, од досегашните преброени гласови во скопски Бутел, кандидатот на СДСМ води со 2.400 гласови.