Граѓаните од Кисела Вода реагираат дека денеска, по невремето, на булеварот Борис Трајковски паднал потпорниот ѕид во населбата Пинтија.
Од ЈП Улици и патишта – Скопје информираа дека со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, започнало неговото расчистување.
-Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје. Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата. Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација, велат од Улици и патишта.