Од двор украдени двете слепи хаски на обвинителката Ленче Ристоска

од Берта Китинска
334 прегледи

Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска на својот Фејсбук профил објави дека во текот на ноќта од нивниот двор во село Лешок некој ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест.

„Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи. Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат. Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години, напиша Ристоска.

https://www.facebook.com/lence.ristoska/posts/10220041177953982

Слични содржини