Од ЕУ се огласија за трагедијата во Кочани

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

– Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата.

Таа изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.

– ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија, додаде Калас.

Претходно, „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.

Слични содржини