Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја прифати одлуката со која се предлага ексдиректорот на УЈП-Горан Трајковски да биде назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Пратениците од опозицијата беа против бидејќи, како што посочија, Трајковски е назначен на оваа функција како награда за тоа што со години бил верен извршител на власта, додека парламентарното мнозинство оцени дека се работи за стручна и компетентна личност со исклучително професионален ангажман.
Во претпладневниот дел од расправата беа усвоени и измените на Одлуката за избор на претседатели, заменици претседатели и членови на собраниските комисии, како и измените на Одлуката за основање на пратенички групи за соработка со парламентите на други држави.
ВМРО-ДПМНЕ создаде своја Анкетна комисија вон “Пржино”, СДСМ ќе чекаат на Јанева за фалс личните карти
Пратениците ја донесоа и одлуката за избор на член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
По редовната едночасовна пауза, Собранието ќе продолжи со расправа по Предлог одлуката за избор на членови на Комисијата за заштита од дискриминација, како и Предлог одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Анкетната комисија за случајот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.