Од Геријатрија демантираат дека не ги почитуваат препораките за коронавирусот

од Берта Китинска
213 прегледи

Информациите дека лице вработено во администрацијата во Геријатрија во Скопје доаѓа на работа со висока температура и не се јавува да направи тестови се неточни и невистинити, вели директорката Салија Љатиф Петрушевска, во својот демант за Локално.

-Информациите дека лице вработено во нашата институција доаѓа на работа со висока температура во целост се неточни и невистинити, бараме јавно извинување во спротивно ќе превземеме правни мерки. Во согласност препораките на МЗ за лицата кои патувале во странство во заразените региони или живеат со лица кои биле на пат токму на овие места им наложуваме да останат дома, воедно и до сите вработени и раководидели беше побарано да се достави изјава дали имаат отпатувано токму во овие земји.На вработениот на кого му се укажани препораките од МЗ во истиот момент не доаѓа на работа, вели Љатиф Петрушевска.

Овој демант е по повод натписите во некои од  медиумите дека вработен во администрацијата во Геријатрија во Скопје бил на одмор на Малта,  минатата недела се вратил во Македонија преку Италија, по враќањето оди на работа и има контакт и со вработените.

Слични содржини