Од јули бесплатен роаминг низ Западен Балкан

од Берта Китинска
341 прегледи

Од 1 јули 2021 година, граѓаните на Косово за време на нивниот престој во една од земјите на Западен Балкан, бесплатно ќе ја користат услугата за роаминг во рамките на телекомуникациите, соопшти регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации на Косово (КРЕПК).

Укинувањето на роамингот е дел од договорот на земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија).

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот, беше најавена за 1 јули 2021 година.

Претставници на КРЕПК за Радио Слободна Европа изјавија дека „нема продолжување на роковите за спроведување на договорот за роаминг“, па затоа имплементацијата се очекува да започне навреме.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Слични содржини