225
Манчестер Јунајтед ќе направи се што е во негова моќ за да го одбие Реал Мадрид од Давид Де Хеа, тврди шпанскиот весник „Спорт“.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо сака по секоја цена да го задржи голманот на „Олд Трафорд“.
Јасно е дека, сепак, тој е меѓу првите варијантите пред „кралскиот“ клуб за нов голман.
Според последните информации од Јунајтед „залепиле“ цена од 130 милиони евра на својот голман.
Тоа е бројка која до денес Реал нема намера да ја плаќа за оваа позиција.
Цената била обелоденета на „кралевите“ при упатено барање за шпанскиот репрезентативец.
Договорот на Де Хеа истекува по една и пол година, но од Јунајтед наскоро ќе му понудат доста примамливи нови услови, кои едвај може да ги одбие, додава изданието.