Со продолжување на проектот за вработување, Владата објави дека ќе се основаат 12 нови компании, во кои се очекува дека се вработат над 19 илјади лица во текот на годината, информира ТВ21.
Според калкулациите на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, секоја од овие 12 компании ќе вработи по 1.600 лица од различни категории, за да се намали невработеноста за 2,8% во споредба со лани. Но за овој проект не се предвидени средства во буџетот за 2016 година.
Владанка Авировиќ потпретседателка на комисијата за економски прашања во Собранието објасни дека ќе има недостиг на средства од придонесите што треба да ги плаќаат компаниите.
Професорот по економија Сами Бислими, вели дека Владата во период на избори објавува проекти кои не се предвидени со буџетот на државата. Тој објаснува дека не е можно реализирањето на овој проект бидејќи не е предвиден со буџетот, каде бруто инвестициите во земјата се минимални, а нето инвестициите се помали од лани.
Целиот текст можете да го прочитате тука
