Од какви мажи треба да бегате

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Дамите кои ги сакаат “лошите” и груби млади мажи, треба да внимаваат, бидејќи секогаш може да паднат на силувач или едноставно на агресивен тип. Еве неколку знаци кои покажуваат дека таков еден маж може и да не се запре по одбивањето и да се обрати кон ќотекот.4767013

За такви типови нема правила. Таков тип може да се пофали со маженственото однесување, не се двоуми дали да го удри по лицето оној кој ве нагрубил, претпочита исто да не оди на работа, бидејќи е се скарал со началникот.

Неговата прикажана машкост може да се пренесе и во спалната соба и вашето одбивање да го изнервира. Тогаш вие сте неговата следна жртва.

Вие многу пати сте му откажувале. Маж, кој не сака да ве остават на мира и постојано ве гони, е веќе сомнителен. Можеби, пак, го движи манијакална желба да се одмазди и понижи зашто сте му откажувале.

На него му се допаѓа да понижува. Со него не може да имате нормални односи или да се преговара за било какви активности. Подобро е да избегнувате такви типови, бидејќи желбата да понижува не се лекува.

Тој е асоцијален. Но, тој не е тивок и самосвесен младич – напротив тој е доволно егоист, за кого се туѓи социјалните дружби и почит кон туѓата удобност.

Вашите отфрлања го возбудуваат. Ако велите “не”, но тој станува уште поупорен, значи треба да бегате. И колку побрзо, толку подобро. Мажи, кои се возбудуваат од отпор, се реална закана да ве претворат во жртва на силување.