Популарниот норвешки теоретичар на заговор Ханс Кристијан Гардер (60), кој негираше дека коронавирусот е опасен, почина од таа болест, откако беше домаќин на два настана во неговиот дом.
Ханс Гардер почина на 6 април и според првичниот извештај од обдукцијата било утврдено дека е заразен со коронавирус. Според локалните медиуми, само неколку дена пред неговата смрт тој организирал нелегален собир во општината Гран, педесетина километри северно од Осло.
Заразени се и најмалку 12 лица кои присуствувале на настаните, а полицијата го утврдува точниот број на учесници. Патем, забраната за собири поради пандемија е во сила во Норвешка од 16 март.
„Која е причината за воведување на такви мерки со цел да се спречи инфекција која е слична на настинка или грип. Дали сакаат со тоа да го камуфлираат тоа што короната не се пренесува од човек на човек“, напиша Гардер на Фејсбук.
Се сомнева дека имал симптоми на коронавирус околу две недели пред смртта, а норвешките медиуми наведуваат дека неговото семејство го охрабрувало да оди на лекар, но тој не сакал.