Психолозите открија дека сексот е корисен за мозокот на човекот. Љубовта е исто така корисна, но на друг начин.
Како што пишува “Петербургски дневник” љубовта го прави човекот поглупав, а сексот го обрнува трендот.
Причината се крие во особеностите на биохемиските процеси кои при различни состојби ја стимулираат изработката на различни својства хормони. Така на пример љубовта “отклучува” делови од мозокот поврзани со когнитивните функции. Факт е дека паралелно со тоа се засилуваат креативните способности и се подобрува емотивната позадина.
При сексот се подобруваат когнитивните способности. За време на секс се зголемува нивото на допамин, кој влијае позитивно и врз меморијата. Набљудувањата на возрасни луѓе кои ја задржале својата сексуална активност, го потврдуваат присуството на зголемена концентрација на допамин.