Од март 2024 нема да има помала плата од 22.500 денари

од Nikola Popovski
892 прегледи

Првиот човек во ресорот економија, Крешник Бектеши синоќа објави дека минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а просечната 39.500 денари. Тој напиша на социјалните мрежи дека од март 2024 година, нема да има плата помала од 22.500 денари.

Истото вчера го произнесе и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

-Ако земеме колку беше во 2022 година, а колку е сега, имаме над седум илјади, скоро осум илјади денари покачување за година и пол на минималната плата, рече министерката во „Топ тема“.

Таа додаде дека ако се навратиме во 2017, кога минималната плата беше 10 илјади денари, сега покачувањето е повеќе од двојно.

Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.

Од СДСМ велат дека изборното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра во 2024 година предвреме е исполнето, но и значително надминато.

Слични содржини