Блогерот од канадскиот град Торонто, кој се наоѓа во процес на промена на полот од машки во женски, стана познат во социјалните мрежи откако објави на YouTube видео со својата пластична операција, пишува Daily Mail.
Како што забележува весникот, по лекарската интервенција 20-годишниот Стеф Санџати се покажал со потечена глава и покриени рани по лицето.
Новата претставничка на понежниот пол ги споделила траумите од операцијата и не очекувала дека лицето ќе ѝизгледа толку лошо.
Сепак Санџати изразила уверување дека промената на изгледот ќе биде во корист на целокупната нејзина перцепција.
Забележува дека претворањето од маж во жена ја чинело околу 33 000 долари. Во подоцнежна фаза следува и операција за промена на полот.
