Од медиумите дознав дека Камчев ја променил адресата на живеење, вели Јовески

од Nikola Popovski

Спогодбата и местото каде што ќе живее сторителот на кривичното дело немаат воопшто значење. Право е на граѓанинот да го одбере местото на живеење, вели државниот обвинител Љубомир Јовески како одговор на новинарско прашање дали бизнисменот Орце Камчев можел да ја промени адресата на живеење по постигнатата спогодба во предметот „Империја“.

Според него, сите мерки и правни акти со случување на спогодбата престануваат и настапуваат нови околности.

-Не го напуштил Скопје. Во случајот, од вас медиумите дознав дека ја променил адресата. Негово право и право на надлежните органи кои се занимаваат со прашањата на живеалиштата на граѓаните е да одлучуваат за тоа дали на определено лице ќе му се дозволи да го смени местото на живеење од еден во друг град, изјави државниот обвинител.

Слични содржини