Од месец мај „Дебенхамс“ ќе биде првиот трговски центар во Европа што продава хиџаб

од Vladimir Zorba
103 прегледи

“Дебенхамс” ќе стане првата голема стоковна куќа во Европа, во која ќе се продава традиционалниот хиџаб за жени. Од мај месец синџирот ќе нуди исто така разновидност и од други муслимански модни предмети – блузи, фустани, женски комбинезони, наметки со кимоно ракав и други во избраните свои гранки.

Тие ќе се дело на “Ааб” – меѓународен моден бренд кој создава “модерна и скромна облека” и кој од неодамна е партнер со “Дебенхамс”. Дизајнот на брендот ќе биде претставен во продавниците на “Дебенхамс” во Бирмингем, Вестфилд, Манчестер и Лондон.

Партнерството меѓу двете компании се совпаѓа и со отворањето на 14 нови меѓународни филијали на “Дебенхамс” во Дубаи, Кувајт, Саудиска Арабија, Бахреин, Иран, Индонезија и Малазија и други земји од Азија и Блискиот Исток.