Од Металург во Вардар: Црвено-црните ги промовираа браќата Њокас

од Nikola Popovski
336 прегледи

РК Вардар промовираше двајца нови играчи во своите редови, кои доаѓаат од ривалскиот Металург. Станува збор за браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас кои потпишале едногодишни договори со „црвено-црните” и веќе се приклучиле на тренинзите.

Оливие е далеку попознат со оглед на тоа што редовно играше за француската репрезентативец. Неговата задача ќе биде да ја засили десната бековска позиција или пак ќе биде замена за Едуардо Гурбиндо кој има понуда од Динамо Букурешт и може да си замине од Скопје. Тој има 32 настапи и 69 гола за француската репрезентација и златен медал од СП 2017 година во Франција. Лани играше во францускиот Нан. Има златен медал од СП 2017 и сребро од Олимпијадата во 2016 година.

Кевин последниве три сезони играше во Бенфика, на позицијата десен бек, а во својата кариера има играно уште за францускиот Кретеј и бундеслигашите Гепинген и Гумерсбах. За репрезентацијата на Франција има 41 настап и 57 голови, два златни медали од ЕП 2014 и СП 2015 година.

„Веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата се пријавени за домашното првенство и во ЕХФ за настап во лигата на шампионите. Со ангажирањето на браќата Њокас се засилува конкуренцијата на бековската позиција во Вардар“, информираат од црвено-црниот табор.

 

Слични содржини