На скришни локации со инпровизирани рингови како вистински боксери пред бројна публика се организираат крвави борби со кучиња.
Едно од кучињата ако не успева да ја извојува борбата, а има сериозни повредите се оди докрај, додека не умре.
Од миленик до истрениран ѕвер кој убива
Од мали ги подготвуваат за борба. Овие кучиња најчесто живеат во лоши услови. Често се прегладнуваат, се тепани со цел тие да стана агерсивни.
-Тренингот започнува на 5 месеци. Се храни со живо месо и му се дава крв за сила за да стане подиво. Со секојдневниот тренинг се зајакнуваат мускулите. Основниот тренинг е трчање и пешачење. Кучето може да тренира и на лента за трчање, влечење со кола и висење на дрво за гума да се зголеми неговата издржливост, ни раскажува В.К од Скопје.
Тој вели дека сопствениците често спремноста на својот „миленик“ ја испробуваат врз уличните кучиња.
-Сум бил сведок на една улична борба кеде сопственикот да се увери дека неговото куче е спремно го пушти да се дави улични кучиња, раскажува В.К.
Кучињата крволочно се борат додека публиката се обложува
Борбите најчесто се со кангали и питбули, а рингот е на „независна територија“. “Моето куче ќе го изеде твојов лигуш“, „Собирајте се додека вие е време да не квичите“, „Моето куче ќе го скине ‘…се дел од фразите кои честопати си ги кажуваат противнците.Се печата посебни билети кои се продаваат, а од нив заработуваат организаторите, вели нашиот соговорник.
-Во рингот влагаат двете кучиња, публиката веќе однапред се обложува за својот фаворит. Присуствував на борба пред извесно време во која кучињата се бореа до смрт. Додека едното остана без нога другото крволочно продолжи да го напаѓа.Во таа возбуда сите добиваат желба за да ги вложат своите пари. На крајот од оваа борба кучето кое беше повредено беше искасано до смрт, неговиот сопственик го остави и си замина, вели овој скопјанец.
Нашиот соговорник вели дека од обложување може да се заработи и над 1000 евра.
Заштита на животните
Борбите со кучиња се толериран и постоечки криминален и насилен акт врз животните во Македонија, за кој институциите не превземаат ништо. Мора да се знае дека освен насилство врз животните, тоа е криминал, модус на лесна заработувачка на корумпирани, насилни и девијантни групи и поединци, велат од здружението Анима Мунди.
Оттаму велат дека безброј пати имаат пријавувано до Агенцијата за храна и ветеринарство како и до полициските станици низ државата.
-Покрај пријавите, но борбите со кучиња постојат и се толерираат. Да потенцираме, сме приложувале доказен материјал (фотографии, видеа) или сигурни информации за планирани организирани борби со кучиња. Значи иако со Кривичниот закон се предвидуваат и казни затвор, иако имало и јавно (медиумско) обелоденување на структури кои организирале и бореле кучиња при што се пласирани докази, фотографии, снимки – казнети нема, велат од здружението.
Толку се организирани што веднаш исчезнуваат од местото на борбата
-Не се постапувало по пријави иако често пати сме пријавувале и борби за кои сме имале сигурни податоци дека се договорени/планирани. Напротив, често пати по наша пријава борбата за која сме сигурни дека треба да се оддржи не се оддржува, што ни дава за право да тврдиме дека таквите криминални структури се многу често штитени и од самата полиција. Во овој контекст криминалците се заштитени, а оној кој пријавува се доведува(л) во ризик. Наш член имам еднаш пријавено борба на Бит Пазар и посведочено за истата .Ја гледав од терасата на Хотел Арка , полицијата одма дојде на лице место – но им јавија, затоа што светлата се угасија и кучињата ги снема пред да дојдат, објаснуваат од здружението.
Оттаму велат дека бараат од институциите МВР, АХВ, општините јавно да го осудат насилството врз животните и да се поттикнат луѓето да пријавуваат малтретирање, злоупотреба и убиство на животни до соодветните органи.
Да се применуваат строги казни за мачење,; организирање на борби и/или секој друг вид на злоупотреба на животните не зависно од нивниот вид; Да се води јавен регистар на лица кои мачеле или убиле животно, организирање или учествувале во борби со животни и истите да добијат трајна забрана за чување животни;Во целиот овој процес да се авторизираат здруженијата за заштита на животни со надлежност на постапуваат како служба или полиција за заштита на животните, затоа што досегашните институции иако можеле, никогаш не направиле ништо во интерес на животните и хуманите граѓани, се дел од барањата на здружението.
Социјалните мрежи место за најави на вакви настани
На социјалните мрежи често се објавуваат видеа на кои се гледаат видеа со борби со кучиња и трговија со кучиња кои се користат во борбите.
Од здружението Анима Мунди велат дека на Тик Ток се објавуваат видеа од борби организирани кај нас, но и по пријавата повторно ништо надлежните не превземаат.
Истрагата на рганизацијата за права на животните Лејди Фритинкер (ЛФТ) го опфатила периодот од декември 2018 до февруари 2019, во кој биле регистрирани 2.000 постови и 150 Фејсбук-страници кои промовирале борби со кучиња и трговија со кучиња кои се користат во борбите. Најголемите 5 групи на темава, опфатени од ЛФТ имале вкупно над 160.000 корисници. Како дел од истрагата 26 постови биле пријавени на Фејсбук за прекршување на нивните правила на користење, меѓутоа компанијата прифатила да отстрани само 6 од нив.
Што вели законот и кои закони ги регулираат борбите?
Измачувањето на животни е кривично дело, член 233 од Кривичен закон. Во Македонија се казнува парично и со шестмесечна затворска казна. А кога се организираат борби со кучиња, се нарушува и јавниот ред и мир од Законот за прекршоци на РМ.
Според Законот за заштита и благосостојба на животните забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби на животни за какви било намени.
Законот предвидува глоба од шест илјади евра во денарска противвредност. Сепак, големината на казната очигледно не е доволна бидејќи и понатаму се организираат вакви борби, за што сведочат повеќе граѓани.
Полицијата со апел
Полцијата апелира и им укажува сопствениците на расни кучиња да не иницираат или организираат борби на вакви животни, зашто тоа е спротивно на Законот на прекршоци против јавниот ред и мир.
Во зависност од околностите и крајните последици од користењето на кучињата за борби, истото може да се третира и како кривично дело „мачење животни” (член 233 од Кривичниот законик), за кое се предвидени парични или казни затвор до една година.
За ова е предвидена казна од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.
Б.М