Од МВР за „Локално“: Две лица повредени по пресметка со огнено оружје во с.Љубош

459 прегледи

Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје.

Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Чеитите лица се обезбедени, како и нивните возиола и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од извори на лице место, се работи за возило марка Голф 5 кое влетало во болницата, а потоа и едно лице извадило пиштол и го вперило во полицијата.

Како што дознаваме, се работи за нерасчистени сметки помеѓу две семејства, по што се случик Обид за убиство прво во населбата Цементара. По инцидентот, рането лице било донесено со возилото во Градската болница.

Слични содржини