И покрај тоа што беше избран какоо 60-ти на драфтот на НБА во 2011 година, тој стана НБА ѕвезда играјќи за Бостон Селтикс, со кого играше во сезоната 2016/2017 со кои запишуваше просеци од 28,9 поени и 5,9 асистенции по натпревар. Денеска е далеку од тој статус, не е во НБА лигата, но Ајзеа Томас е подготвен за нов обид за враќање во елитното кошаркарско друштво.
Во споменатата сезона го доживеа врвот на кариерата, беше трет најдобар стрелец во лигата и се запиша во нејзината втора најдобра петорка. Настапи и на Ол-стар викендот два пати по ред – 2016 и 2017 година.
Во плеј-офот таа сезона доживеа семејна трагедија. Неговата сестра загина во сообраќајна несреќа, но тој продолжи да игра за Селтикси и ги воведе во вториот круг пред да отпатува на другиот крај на САД на погреб.
Кога се врати, на Вашингтон му даде 53 поени и го однесе Бостон во финалето на Истокот, но по двата порази од Кливленд на Леброн, тој ја заврши сезоната со повреда на колкот. Иако играше повреден и емотивно уништен и ги одведе подалеку отколку што можеа да се надеваат во плеј-офот, Селтикси бездушно го заменија во Кливленд за Кајри Ирвинг.
Оттогаш, од сезоната 2017/2018, тој играше за Л.А. Лејкерс, Денвер Нагетс и Вашингтон Визардс, сè кратко, пред да се обиде да се врати во Њу Орлеанс Пеликанс оваа година. Повредите на колкот и операциите не му дозволија да оди чекор понатаму и да потпише договор за 100+ милиони долари.
Нов обид за враќање е пред него откако потпиша за Гранд Рапидс Голд, филијала на Денвер Нагетс, кој игра во развојната лига. Доколку се докаже таму, Денвер би можел да реагира.