Од Николоски нема никаков одговор за вклучувањето на опозицијата во ЕУ-процесот, тврди Маричиќ

од Vladimir Zorba

Виепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ21 кажа дека првпат во Собрание имаме партија која е против ЕУ и НАТО, но и бизнис монополи кои сакаат несредени правила и се против зачленувањето.

-Затоа ни треба и помош од бизнис заедницата, невладиниот сектор, судството и други… Ние законодавството како Влада ќе го донесеме, но за имплементација се неопходни сите институции, рече Маричиќ.

Тој додаде дека повторно ќе зборува со невладиниот сектор и опозицијата за тоа како ќе бидат тие вклучени во процесот.

-Повеќе пати сум имал средба со опозицијата на оваа тема и сум го повикувал јавно како претседател на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски за оваа тема и се надевам дека ќе ги надминеме партиско-политичките разлики. Ние понудивме тие да предложат експерти, но ниту јас ниту Владата немаме никаков официјален одговор, рече Маричиќ.

Слични содржини