Од полноќ се намалува малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 за 1,50 денар/литар, додека цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.
Од вечер на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава за 59,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 61 денар, Еуродизелот (Д-Е V) за 53 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 53 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг. И ќе се продава по 28,368 (денари/килограм).
Според Регулаторната комисија за енергетика, во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 1,042%, дизелот за 1,524%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 1,409 % и кај мазутот од 0,73%.