455
„Од 700-те милиони евра што државава ќе се задолжи, ќе бидат повлечени само 200 милиони евра, а останатите 500 милиони евра ќе одат за отплата на еврообврзницата од 2014 година“, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими.
Според него, останатите средства ќе се насочат кон економските и здравствени мерки за справување со кризата и закрепнување на нашата економија, тоа што беа и главните приоритети при донесувањето на буџетот за 2021 година.
Во 2014 година, капитални објекти во изградба беа објектите од проектот „Скопје 2014“, како и автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, но за нив државата се задолжи кај кинеска банка.
Еврообврзницата од 2014 година доспева за враќање на 24 јули оваа година.