Од октомври ќе има мерка со која ќе функционираат само целосно вакцинираните, вели Филипче

од Nikola Popovski
378 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денес најави дека од месец октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани.

– Станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн, укажа министерот.

Според него, повеќе студии во светот укажуваат на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста односно дека е на некој начин буст на имунитетот кога ќе се прими и трета доза.

-Затоа сега почнуваме со граѓаните постари од 60 години, понатаму сите здравствени работници без оглед на возраста, а тоа е така поради тоа што тие се најмногу изложени на ризик да заболат и без оглед на возраста и пациентите кои имаат некаква форма на имунокомпромитација, рече Филипче во изјава за ТВ Канал 5.

Слични содржини