Барселона неодамна објави дека ќе забрани изнајмување станови на туристи бидејќи сака да ги спречи зголемените трошоци за домување и да им овозможи на граѓаните да живеат во нивниот град.
Градоначалникот на шпанскиот град соопшти дека до ноември 2028 година, Барселона ќе ги одземе лиценците на 10.101 станови кои моментално се лиценцирани за краткорочно изнајмување.
„Се справуваме со она што го сметаме за најголем проблем на Барселона“, рекол тој на настан на градската влада.
Цените на киријата се зголемија за 68 отсто за 10 години
„Бумот на краткорочните изнајмувања во Барселона, најпосетуваниот град во Шпанија, остави некои граѓани да не можат да си дозволат кирија откако кириите се зголемија за 68 отсто, а цените на имотот за 38 отсто во изминатите 10 години, рече градоначалникот. Пристапот до домување стана двигател на нееднаквоста, особено за младите луѓе, додал тој, објави хрватски „Индекс“.
Во последните 10 години, локалните власти воведоа ограничувања за краткорочно изнајмување на Канарските Острови, Лисабон и Берлин.
„Ова ќе доведе до сиромаштија и невработеност“
„Airbnb“, платформата за изнајмување станови и апартмани се уште не се огласила со реакција
„Градоначалникот прави грешка што ќе доведе до сиромаштија и невработеност“, соопшти асоцијацијата за изнајмување на туристички станови во Барселона, „Apartur“, додавајќи дека забраната ќе доведе до зголемување на нелегалните изнајмувања на станови.
Одлуката ќе биде од корист за хотелите. Екстремно левичарската партија која владееше со Барселона од 2015 до 2023 година забрани отворање на нови хотели во најпопуларните области во градот, но градоначалникот Колбони може да ги олесни ограничувањата.
Локалните власти најавија строги инспекции откако забраната ќе стапи на сила.
Во последниве години во Барселона не беше дозволена регистрација на нови туристички апартмани и станови. Од 2016 година локалната власт нареди затворање на 9.700 туристички станови на диво и речиси 3.500 станови повторно ги користат граѓаните за домување.
Фото: Luis Dafos / Alamy / Alamy / Profimedia