Од почеток на април, Комуналец отстранил 550 кубни метри отпад од диви депонии

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Од почетокот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле вкупно 550 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини.

-Во истиот период, Еко-патролата на Претпријатието изготви 11 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површин, соопштија од претпријатието.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје преку секојдневно рачно и машинско метење и миење продолжува да ја одржува хигиената на булеварите и улиците што се под надлежност на Градот Скопје, како и чистотата на плоштадот и улицата „Македонија“, пешачките мостови во централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и реонот на Старата скопска чаршија.

Слични содржини