Од полноќ поскапуваат горивата

од Nikola Popovski
122 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информира дека од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг и сега ќе изнесува 40,814 ден/кг.

Од 21.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм)

Слични содржини