Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Согласно одлуката, горивата поскапуваат за 0,50 денари.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар,
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.