Со својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата, Регулаторната комисија, во согласност со методологијата за пресметување на цените на нафтените деривати, продолжува да ги намалува цените на бензините во нашата земја. Од друга страна, се намалува и акцизата за дизелот.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе поевтинат за 1,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар по литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 71 денар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 73, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.
За 1,138 денари се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 36,880 денари.
-Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 27.07.2021 година и истата ќе се објави во “Службен весник на РепубликаСеверна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, соопштуваат од РКЕ.