Од полноќ горивата ќе се точат по повисоки цени

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со одлука за новата цена на горивата од полноќ. Според одлуката, од 25-ти јуни поскапуваат сите нафтени деривати.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,040 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,720 ден/кг.

Цени на горивата кои ќе важат од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,720 (денари/килограм)

Слични содржини