Од полноќ нови цени на горивата

од Nikola Popovski
52 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска излезе со нова одлука за цената на горивата и нафтените деривати во земјава. Според објавеното, следува значително поскапување.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,073 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.12.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,711 ден/кг.

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

Слични содржини