Од полноќ поевтини цени на горивата

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за половина денар за литар

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на одлуката од 9.09.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,408 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,740 ден/кг.

Од 16.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,740 (денари/килограм)