Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати. Согласно новата одлука на РКЕ, поскапуваат сите горива. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,286 ден/кг.
Ова се новите цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм)