Од полноќ повисоки цени на горивата

од Nikola Popovski
101 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика во текот на денов донесе нова одлука за цената на горивата. Според објавеното, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,473 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,507 ден/кг.

Слични содржини