Од полноќ промени во цените на горивата

РКЕ излезе со одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.

Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 75 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто останува непромената, односно 66,5 денари по литар, и исто важи за мазутот кој се продава по 45 денари по килограм.

Слични содржини