Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 4.9.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,308%, кај дизелот за 3,641% , кај екстра лесното масло за 3,940% и кај мазутот зголемувањето е за 2,280%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,146 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,304 ден/кг.
Од 12.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,304 (денари/килограм)