Здравствените власти најавија дека на регионалниот пункт во Штип од наредната недела почнува вакцинирањето на вработените од приватниот сектор.
Над 1.700 вакцини дневно се аплицираат на овој пункт, редица има, а во неа се застанати лицата над 58 години со Мој термин и вработените од критичната инфраструктура од штипскиот и струмичкиот регион.
Компаниите веќе доставуваат барања и нивниот интерес е голем. Нема точна бројка колку од вработените сакаат да се вакцинираат, но од тој број ќе зависи и динамиката на имунизација.
Досега на овој пункт се имунизирани речиси 11.000 граѓани.