290
Денеска пристигаат 500.000 дози вакцини од производителот „Синовак“.
Според информациите на министерството за здравство оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење.
Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО:
- Инактивиран САРС-Ков2 вирус
- Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
- Високо ефикасна за превенција на тешка болест
- Се дава мускулно во рамо
- Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици
- Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица
Досега вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани.