Од понеделник нови разрешувања и назначувања на директори на скопските клиники

од Nikola Popovski
122 прегледи

Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека нема нови назначувања на директори на скопските клиники, а досега разрешени се 13. Се надева дека следната недела ќе бидат разрешени сите економски директори.

Најави дека од понеделник ќе почнат со нови назначување на директорските места, освен на Клиниките за Токсикологија и Онкологија каде веќе има нови раководни лица.

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити е нов директор на Неврологија, Андон Чибишев на Токсикологија, соопшти министерот за здравство. Таравари разреши и десетина економски директори, меѓу нив и Бесија Иљази од Клиниката за токсикологија. Вели приоритет ќе биде и решавање на состојбата на Онкологија. Најави и нови вработувања во здравството.

-Многу скоро ќе предложам нов закон за здравствена заштита во којшто нема да има економски директори во сите установи. Кај што има, ако не се лажам повеќе од 100 вработени, така е законот, ќе предвидиме да има само професионален еден директор на клиника или болница или јавна здравствена установа, рече пред три дена Таравари.

Се надева дека што побргу ќе бидат синхронизирани и систематизациите и ќе се донесе нова одлука за спојување на цел Клинички центар во иста установа.

Слични содржини