Од понеделник ново зголемување на цените на горивата

од Nikola Popovski
317 прегледи

Од понеделник очекуваме ново зголемување на горивата, информира вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Според него, рано е да се каже колку ќе биде тоа зголемување, но дека се разгледуваат последните анализи.

-Минатата недела беше мошне лоша, а тргувањата се зголемија. Не знаеме се уште за колку ќе се зголемат горивата. Сето она што се случува на берзите влијае кај нас, појасни Бислимовски.

Претседателот на РКЕ додаде и дека речиси сите земјите од регионот имаат поголема цена на горивата од нас, особено кога се работи за дизелот.

Од 22.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм).

Слични содржини