Од сабота почнува нов возен ред на дел од автобуските линии

Граѓаните се жалат дека автобусите се нередовни и дека долго време чекаат на автобуските постојки

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Фејсбук страница на ЈСП Скопје

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 04.04.2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот.

„Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз.

Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, со примена од 04.04.2026 година, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието: https://skopjebus.mk/mk/“, порачуваат од ЈСП.

Граѓаните се жалат дека автобусите се нередовни и дека долго време чекаат на автобуските постојки. Оваа состојба е присутна веќе подолго време. Се случува и автобусите да стојат и по булеварите поради дефект, но да прочитаме и дека некој се запалил. Планот на градот е да се набават нови 150 еко-автобуси, а дел од нив да пристигнат до крајот на годинава.

Инаку и претходно, министерството за транспорт и врски објави тендер за набавка на 120 автобуси, но беше неуспешен со образложение дека на повикот се јавила само една компанија која не ги исполнувала условите.