Од понеделник пратениците се враќаат на работа, Ковачевски повика: “Сите да поддржат промена на Устав“

од Берта Китинска
120 прегледи

Пратениците кои ги претставуваат граѓаните треба да бидат на висина на задачата и сите 120 да поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно зачленување во ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски.

-Верувам дека сите 120 пратеници треба да ги поддржат уставните измени зашто со нив се внесуваат делови од други народи кои живеат тука, кои изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав.Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Постојат држави со дури 25 народи во Уставот, како Хрватска и тоа само ја збогатува општествената кохезија. Во однос на доволниот број пратеници кои би ги гласале уставните измени кажав дека е обрвска на секој пратеник, зашто имаат обврска кон граѓаните и државата во однос на европската иднина. Заатоа постои дискусија во Собранието која треба да е базирана на аргументи, факти и на перспективите на државата, посочи Ковачевски.

Според него, во однос на политичките партии, јасно се издиференцирани две коалиции – една која е за европска Северна Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ, и ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ и за тоа постојано изнаоѓаат нови причини кои немаат никаква врска со реалноста, ниту имале во 11-те години кога беа на власт и кога државата не се помести ни милиметар во евроинтеграциите, а беше и заробена во однос на демократијата и владеењето на правото.

-Втората коалиција не нуди никаква алтернатива. Едниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ нуди некаквов азиски сојуз со централно-азиски држави што сетам дека е нонсенс во однос на евроинтеграциите, потенцира премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ попладнево со реакција на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој ги повика сите 120 пратеници да гласаат за уставните измени за да продолжат евроинтеграциите.

-Ковачевски призна дека нема пратеници кои ќе му го поддржат предавството за промена на Уставот и исполнување на бугарските мегаломански барања,се вели во соопштението од опозициската партија, при што се повикува тој, како што се вели, да не ја отвора Пандорината кутија туркајќи бугарска агенда да се крие позади иницијативата за внес на други народи во Уставот.

-Не му е ниту до Хрватите и Евреите туку до ветувањето дадено на Бугарија за внес на Бугарите во Уставот. Кога веќе збори за промени на Уставот тогаш ајде да ги отвориме и останатите аспекти и прашања. Дали на Македонија и треба граѓански Устав, дали ќе го избришеме деградирачкиот Бандитеров принцип кој наместо заштита создаде систем на протекции и неквалитет, дали е потребно да се редефинира улогата и ингеренциите на претседателот на државата? Дали е потребно да се редефинираат ингеренциите на законодавната власт која е потчинета на извршната власт итн. итн,велат од ВМРО-ДПМНЕ.