МВР е при крај со средувањето на новите простории кои треба да се стават во функција за издавање на лични документи. Се очекува до сабота да завршат сите подготовки за техничка инсталација и интернет-конекција и од понеделник да бидат во функција.
-Ќе има две смени во објектот и да има добра динамика за граѓаните. Сите групни и старечки домови е дадена можност да се пријават и веќе во неколку од нив се завршени комплетно со земање на подстоци за новите лични документи. И понатаму ќе имаме таргетирани групи и граѓани и мислам дека во сите објекти до крајот на годината и почетокот на јануари, најголемиот дел ќе ги завршиме, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Голем број граѓани се жалат дека не можат да дојдат до потребниот термин за обнова на документите.
Законска обврска за смена на личните документи согласно Договорот од Преспа е 14 февруари 2024 година
Сите лични документи согласно Договорот од Преспа треба до 12 февруари 2024 година да бидат со „Република Северна Македонија“. Ова подразбира дека сите лични карти, пасоши и возачки дозволи кои се со важечки датум, а го содржат името „Република Македонија“ граѓаните ќе треба да го променат најдоцна до истекот на овој рок.