218
Од вкупниот број на примени пациенти, кој што е некаде околу 150, и е значајно е зголемен во изминатите 7 дена, под 10% се пациенти кои се целосно вакцинирани, и тоа пациенти во релативно добра здравствена состојба, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Делта сојот е доминантен, додаде тој, а за него е научно потврдено дека за 60-70% побрзо се шири за разлика од Алфа сојот, и детектирана е поголема количина на вирусот.
Филипче повика да се зголемиме опфатот на вакцинирани за да не мора да се воведуваат нови ограничувања и оти од есен се очекува усложнување на состојбата.